И проф. Јанев во кампања против бодови за Тамара на Евровизија

Професорот Игор Јанев кој не го прифаќа Преспанскиот договор апелира дијаспората да не гласа за македонската претставничка на Евровизија.

Според Јанев, Тамара е поддржувач на договорот од Преспа и затоа не ги заслужува гласовите од Македонците низ цел свет.

“Апелирам до Македонската дијаспора да не гласа за Тамара Тодевска поддржувач на Преспанскиот договор и промена на името на Евросонг! Тамара Тодевска не треба да добие на Евросонг ниту еден глас од Македонците!”, порачува Јанев до македонската дијаспора.

SHARE