На Меѓународната донаторска конференција „Заедно во Албанија“ одржана вчера, биле собрани 1,15 милијарди евра, објави комесарот за проширување Оливер Вархељи.

Парите треба да помогнат во обновата на Албанија по земјотресот.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека дури и во неговите најлуди соништа, не очекувал дека ќе се собере толку голема сума пари.

„Ова е надвор од мојата најлудата фантазија“, рече Рама на крајот на конференцијата, што се одржа во Брисел.