На барање на Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР, лидерот Самка Ибраимовски најверојатно ќе се кандидира за претседател на државата.
Од ПЦЕР сметаат дека Ибраимоски е човек со богато политичко искуство, магистер, дипломиран менаџер, бил заменик министер за Труд и социјала, член е на КАХРОМ во Советот на Европа и директор на приватна фирма „Униус -ИС“… и – има завршена политичка школа во Кумровец, дознава „Плусинфо“.