И Сенатот на САД даде зелено светло за Македонија во НАТО

Со 85 гласа „за“, само два „против“ и 12 кои не гласале, Сенатот на САД го усвои Протоколот за членство на с.Македонија во НАТО.

Се очекува Протоколот наскоро да биде ратификуван од сите 29 држави членки (покрај САД, недостасуваат уште четири) и со тоа приемот на земјава ќе може да се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Неизвесно е засега како ќе се одвива ратификацијата во Шпанија каде вата дома на Парламентот се распуштени. Во земјата се закажани избори на 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

SHARE