И шефицата на Кабинет ја напушти министерката за финансии

Во петокот шефот на кабинет на актуелната министерка за финансии, Нина Ангеловска, си поднела неотповиклива оставка.

Олимпија Христова Заевска, веќе и се збогувала со колегите, а фотографијата била објавена и на нејзиниот инстаграм профил. 

„Колку добра и вредна дружина. Ќе ми недостигате“, напишала Заевска на својот инстаграм профил.

Претходно од Кабинетот на министерката Ангеловска замина Анја Марија Макеска.

SHARE