И Шварценегер во таборот на #бојкотирам за референдумот (ВИДЕО)

Нова пирака од тимот на #бојкотирам направено врз видео матрица на филмот Терминатор во кој главната улога ја игра Арнолд Шварценегер.

Во одсуство на опозицијата која се уште не кажала дефинитивно дали ќе оди или ќе го бојкотира референдумот движењето #бојкотирам е единствениот фактор кој организирано се спротивставува на кампањата на владините функционери кои интензивно ги користат државните ресурси и блиските медиуми за промоција на нивниот став за референдумот.

“Арни” во видео пародијата на #бојкотирам го уништува договорот за името.