Синот на Тахир Хани, заменик-генерален секретар во Владата, е нововработен во АД ЕЛЕМ. Назми Хани е вработен на местото референт во подружница Треска на Електрани на Македонија. Веста ја потврдија од компанијата, дознава МКД.МК.

Порталот Фактор, пак, открива дека сваќа на министерот за економија Крешник Бектеши е исто така примена на работа во АД ЕЛЕМ. Станува збор за Нертила Усеини Каба, сопруга на братот на неговата сопруга.

И синот на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ. Виктор Стојчевски, е исто така вработен во компанијата која е атрактивна поради високите плати.

Во ЕЛЕМ се вработетни и ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев.

Комисијата за спречување на корупција почна со постапка на преиспитување на 18 случаи на таканаречените „роднински“ вработувања.

SHARE