И судските административци подготвуваат штрајк!?

Синдикатот на УПОЗ бара бенефициите и условите за работа на судските административци ќе бидат еднакви на оние во приватниот или ќе следува генерален штрајк.

Колективниот договор е стар повеќе од 20 години, враѝботените не добиваат регрес за годишен одмор, дневниците за пат им се укинати одамна, работат под притисоци кои повеќе не сакаат да ги трпат, а за зголемувањето на платата од 5 отсто велат дека не е лошо, но можело и повеќе.

„ Синдикалната борба предвидува, ако нема договор на маса, протести и штрајкови. Зборот протест и штрајк никогаш не бил непознат за синдикатот и синдикатот УПОЗ секогаш организирал протести кога не бил задоволен. Па, имало и рекорден број на денови еднаш 60 дури и 80 дена штрајкување“, изјави Пецо Грујовски, претседател на УПОЗ.

SHARE