МНБР потврди дека на крузерот Diamond Princess во Јапонија, на кој се појавил коронавирус има и тројца македонски државјани.

Не е познато во кое својство тие биле на бродот ниту дали некој контактирал со нивните семејства., но од МНР чекаат дополнителни информации.

На крузерот на кој има 3.700 патници, кај дури 273 се појавиле симптоми на болест, како што се кашлица и треска, или изјавиле дека дошле во контакт со луѓе со симптоми.

SHARE