И Владата е за принципите на ВМРО-ДПМНЕ, апелира да продолжат преговорите за СЈО

Министерката за правда Рената Дескоска ги прифати принципите укажани од ВМРО-ДПМНЕ и повика да продолжат разговорите на работните групи за предлог текст на новиот закон за Јавното обвинителство.

По неколкудневно негирање, од правда признаваат дека е важно законот за јавно обвинителство да ги вклучува, развива и целосно да ги имплементира овие принципи.

Подготвеноста за развивање, но и целосно имплементирање на овие принципи, кои се наброени и во дописот на ВМРО-ДПМНЕ, не е само обврска на Владата, туку треба да биде и обврска и заложба на сите политички партии чија ориентација е европската интеграција– се вели во дописот од министерството за правда.

Предходно ВМРО-ДПМНЕ поднесе три принципи врз кои треба да се темелат понатамошните разговори за текстот на законот:
1. Принципот за вметнување на препораките од 11 меѓународни документи кои водат до современо јавно обвинителство,

2. Почитување на човековите права преку обвинителство кое ќе ги штити граѓаните и го следи европскиот суд за човекови права,

3. Принципот на независно транспарентно, отчетно и обвинителство подалеку од канџите на власта.

Пред 5 дена Дескоска изјави дека забелешките на ВМРО-ДПМНЕ се несоодветни и дека опозицијата бара само амнестија на криминалот.

Вечерва според соопштението од Правда, Владата ги прифаќа забелешките и очекува да продолжат разговорите за предлог законот за јавно обвинителство, за тој да биде донесен заеднички и со тоа да се овозможи практично имплементирање на сите меѓународни принципи за работа на јавното обвинителство.

SHARE

Оставете Коментар