И во Шпанија повеќе починати од Ковид 19 отколку во Кина

Во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани

Дури 738 смртни случаи од коронавирус, најголема бројка од почетокот на пандемијата, се регистрирани во последните 24 часа во Шпанија.

Според министерството за здравство во Мадрид бројката на починати од Ковид-19 со тпоа се зголеми на 3.434. Тоа е пораст од 27 проценти во однос на вчерашниот ден.

Со ова, Шпанија ја престигна Кина и стана втора земја во светот по бројот на починати од новиот коронавирус, веднаш зад Италија, каде починале 6.820 луѓе.

Во Кина бројот на починати е 3.285.

SHARE