По втор пат во историјата на човечкиот род,еден вселенски брод , го напушта Сончевиот систем и влезе во она што се нарекува меѓуѕвезден простор носејќи порака за постоењето на цивилизација на Земјата.

По „Војаџер 1“ кој тоа го стори во 2012, НАСА објави дека неговиот близнак „Војаџер 2“ излезе од хелиосферата, заштитниот гигантски „меур“ од  честички и магнетни полиња создадени од Сонцето околу нашиот сончев систем и се упати кон ѕвездите.

„Војаџер 2“ сега се наоѓа на нешто повеќе од 18 милијарди километри далеку од Земјата, но сепак тој се уште комуницира со Земјата. На радио сигналите им требаат дури 16.5 часови да го минат тоа растојание.

 

„Војаџер 2“ беше лансиран на 20 август 1977 година, само 16 дена по лансирањето на „Војаџер 1“. Првично беше планирано да патува пет години и да ги проучува Јупитер и Сатурн, но го продолжи патот подалеку од какви било очекувања. Неговата мисија, која трае 41 година, е најдолга во историјата на НАСА.

„ Војаџер2“ е гласник од Земјата како и неговиот претходник.  Носи златен диск со звуци, слики и пораки од нашата планета. Можеби овие вселенски сонди и своевидни временски капсули ќе преживеат многу подолго отколку саамата човечка цивилизација.

SHARE