И вработените во „Џонсон Мети“ од утре остануваат дома

Сите 1.000 вработени во „Џонсон Мети“ биле известени од утре да не доаѓаат на работа. Преку електронска пошта биле известени дека произведувачот на катализатори нема да работи 30 дена, дознава „Фактор“.

Во моментов странскиот инвеститор вработува 1.000 вработени, а познат е по тоа што во Македонија остварува убедливо најголема добивка – 97,77 милиони евра во 2018.

Вчера „Кромберг и Шуберт“ и „Дракслмаер“ објавија дека нема да испорачуваат делови овој период.

SHARE