И Вучиќ со изјава за „Рекет“: Ќе има уште изненадувања

Одговарајќи на новинарско прашање в о врска со случајот „Рекет“ претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека не сакал да се меша во внатрешните прашања на друга држава, но најави изненадувања.

„Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица и дека тие се далеку од Србија“, одговори Вучиќ.

„„Зоран Заев денес разбира дека имав право кога му зборував за одредени личности и зошто сум среќен што тие лица се далеку од Србија и од мене“, додаде тој.