И Заев платил казна за фрлање боја

ПремиеротЗоран Заев, на Фејсбук соопшти дека и тој платил казна слична како таа на професорката Мирјана Најчевска,за фрлање боја за време на таканаречената „шарена револуција“.

„Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од Шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со целосно почитување на судската власт, но и почитување на демократските принципи и интегритетот на граѓаните.

Прекршоците со фрлањето боја во времето на протестното движење ги правевме свесно, знаејќи ја цената на казната, но со повисока цел – слобода и ослободување на институциите.

Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично.

Ќе разговараме со граѓаните за решенија кои ќе ја чуваат честа на граѓанскиот активизам и лично како граѓани ќе ги поддржиме солидарните иницијативи“, напиша премиерот на фејсбук.

SHARE