На Твитер утрово беше споделено видео направено во близина на Зоолошката градина во Скопје на кое се слуша како животните реагираа на земјотресот кој во 4,54 минути беше почиуствуван на територијата на Македонија.

Земјотресот со јачина од 5 степени по Рихтер, според Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, најмногу бил почуствуван на 50 километри југозападно од Скопје во подрачјето Тетово-Гостивар.

Епицентарот на земјотресот бил во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

SHARE