IAB Македонија бара владата да запре со дискриминација на онлајн медиумите

IAB Македонија (Interactive Advertising Bureau), водечка асоцијација за унапредување на дигиталниот маркетинг во Македонија) реагира во врска со објавата на Министерството за Информатичко Општество и Администрација да се доделат дозволи за работа на терен на онлајн медиуми кои се дел од регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија.

„Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија не претставува официјален регистар на онлaјн медиуми и не ги содржи сите онлајн медиуми во РС Македонија. Воедно, сакаме да Ве информираме дека постојат и други регистри и саморегулаторни кодекси, како на пример регистарот и кодексот на ИАБ Македонија чии потписнички се согласни меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми, а кој може да го погледнете на следниот линк:

https://www.iab.mk/etichki-kodeks/

Дополнително, постојат и регистрирани онлајн медиуми кои не се дел од ниту еден регистар, а сепак ги исполнуваат условите за работа како онлајн медиум согласно важечките закони.

Затоа, Ве замолуваме да ја преиспитате вашата Одлука и да се овозможи доделување на дозволи за сите онлајн медиуми кои се регистрирани како правни лица во РСМ и имаат импресум“, се наведува во реакцијата.

SHARE