Ибрахимовиќ вчера негативен, денеска позитивен на коронавирус!

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, не настапи во денешниот дуел со норвешки Бодо/Глимт во квалификациите за Лига Европа поради позитивен тест на коронавирус.

„Имав негативен тест за Ковид вчера и позитивен денеска. Немам симптоми засега. Ковид имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја“, објави на Твитер контроверзниот 38-годишен шведски напаѓач.

„Вест дека Ибра бил позитивен на тест за коронавирус. Со мислите сум со вирусот во овие тешки времиња“, се пошегува некогашниот англиски голгетер Гари Линекер.

SHARE