Идејата за помирување погребана во Собранието

Социјалдемократскиот сојуз и премиерот Заев денеска го поништија својот став дека на Македонија во интерес на иднината и е потребно помирување меѓу сите спротивставени политички фактори.

Со своето неразумно однесување за време на говорот на претседателот Иванов владеачките пратеници покажаа дека помирувањето и амнестијата не е идеја за смирување на зовриените страсти туку за спроведување на проектот промена на име и устав.

Дофрлањето, навредите, потсмешливите досетки, и прекинување на говорот на претседателот Иванов на годишното обраќање покажа дека власта не сака вистинско помирување туку помирувањето го користи за остварување на помитичката агенда.

Говорот на Иванов беше шанса за смирување на страстите но таа не беше искористена, напротив неговите пораки беа дочекани на нож од пратениците на власта кои од целиот негов говор издвојуваат само две пораки.

“Добрата е, Иванов си оди, ова е последно обраќање на човекот кој недостоинствено и на штета на државата ја извршуваше функцијата Претседател. Не успеа и нема да успее да го попречи напредокот на Македонија.

Веќе позната вест е што и ова обраќање ја потврди неговата улога на антизападен и антинароден елемент, последен остаток од криминалниот режим на Никола Груевски.

На дрзок и безобразен начин, Иванов ги навреди, ги понижи и ги деградираше пратениците, а со тоа и сите граѓани.

Иванов може да зборува само за еден неуспехот на неговите два мандата.

Македонскиот идентитет и македонскиот јазик се трајно обезбедени и заштитени. Македонија успеа, Иванов НЕ!

Иванов не верува во сопствената земја, во сопствениот народ, зборува за темнина, јазли, негирања на народи, пандорини кутии. Заглавен е во минатото, во 19 век, целосно отсутен од стратешките интереси на државата.

Лажно зборува дека е загрижен за перспективите на младите, а дејствува против нивните интереси, против членството во НАТО и ЕУ. Тој е директен противник на интересите на младите – противник на иднината“, рече во однапред подготвената изјава Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.