Идентитетот „бетон“: Македонците за РТС станаа Северномакедонци!

Наспроти уверувањата од Зоран Заев, Никола Димитров и другите првенци на власта во Македонија дека со договорите со Грција и со Бугарија го зацементирале македонскиот идентитет, Македонците за државната Радиотелевизија на Србија станаа Северномакедонци.

Известувајќи за предлогот од Бугарската кошаркарска федерација до македонската, РТС уште во насловот вели „Бугарите им нудат на Северномакедонците заедничка кошаркарска лига“.

Покрај тоа, во целиот текст се користи придавката „северномакедонски“, пракса што веќе наголемо ја применуваат средствата за информирање во Бугарија, наспроти упатството за медиумите од Министерството за надворешни работи на Димитров веднаш по потпишувањето на Преспански договор.

Така, РТС пишува за „северномакедонски медиуми“, а Перо Антиќ го нарекува „првиот човек на северномакедонската кошарка“.

SHARE