Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски ја оценува промената на името на државата како „тежок компромис со висока цена“, но, според него, идните генерации ќе ги почувствуваат позитивните страни на договорот меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Македонија се надевам дека става крај на сите дилеми околу нејзината иднина. Јас сум оптимист. Мислам дека почнува нова ера за нашата држава Северна Македонија“, изјави Бучковски во интервју за Бугарска национална телевизија (БНТ).

Експремиерот се надева дека Грција ќе ја поддржи Македонија за време на преговорите за членство во Европска унија, а ги прокоментира и искрите со Бугарија на теми од историјата.

„Одвреме-навреме има црни кампањи, кои се рецидив од минатото. Македонија не може да има поголем сојузник од Бугарија“, изјави некогашниот министер за одбрана и бивш лидер на СДСМ.

Бучковски, кој денеска во Софија учествуваше на форумот на кој интелектуалци од двете земји разговараа за перспективата на односите на луѓето од двете страни на границата.