„Идризово“ во штрајк – затворениците бараат општа амнестија

Штрајк со глад најавија затворениците од „Идризово“ бидејќи не се опфатени со законот за амнестија што се подготвува, а со кој ќе се ослободат од вина само осомничените и осудените лица кои упаднаа во Собранието на 27 април.

Тие со писмо ја известила затворската управа и најавуваат поригорозни мереки  доколку Владата не одговори на нивното барање за општа амнестија.

„Почнуваме со дводневен предупредувачки штрајк со глад бидејќи и покрај сите барања до Владата и премиерот досега не добивме одговор во врска со законот за амнестија, кој е во најава. Бараме општа аменстија за сите дела кои ги дозволува Уставот, исто така и статусот на доживотно осудените да се промени во бројка што е во склад со европските закони“ пишува во писмото испратено до  директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, дознава „Макфакс“.

Директорот на затворот „Идризово“, Боби Мојсоски, вели дека ја добиле најавата.

Затворениците најавија генерален штрајк уште пред еден месец со образложение дека не може поголеми криминалци од нив да шетаат слободно и постојано да се амнестираат помеѓу себе, а други за пушење марихуана и украдени ќебапи и ајвар да лежат во затвор.

SHARE