Една од најголемите македонски кошаркарски легенди, Благоја Георгиевски – Буштур, загина трагично во сообраќајна несреќа во 69-та година од животот.

Буштур загина на роденденот на неговиот ментор, легендариот Лазар Лечиќ, кој денеска го прославува 81. роденден.

Тој минатата година за 80. роденден на Лечиќ беше еден од иницијаторите за основање на големата академија, пишува „Плусинфо“.

SHARE