Илчев: Бугарско-македонската комисија за историјата нема иднина

„После тоа што се случи вчера и распишувањето предвремени парламентарни избори во земјата, јас веќе не гледам светла иднина за нашата Комисија, иако има одреден напредок, бидејќи тие барем признаа дека Самоил е бугарски крал“, вели историчарот Иван Илчев, кој е член на Комисијата за историски работи меѓу Бугарија и Македонија..

Што се однесува до прашањето за Гоце Делчев, Илчев вели дека било тешко „да се зборува со луѓе кои не можат да ве слушаат. Ние велиме дека Гоце Делчев е Бугарин затоа што самиот го кажал тоа“.

Според него, „проблемот е во тоа што додека нашата комисија е обединета во своите ставови, од македонска страна Комисијата е поделена на две групи – едната е поумерена а другата е едноставно заглавена во место и не сака да се движи и ова се должи на долгата и ефективна пропаганда што беше спроведена против нас, Бугарите “, вели Илчев.

SHARE