Илиевска до Заев: Кажи и на Шекеринска дека Битола умре

Во искрено писмо до премиерот Заев независната советничка во советот на Битола Габриела Илиевска бара Заев да и каже на вицепремиерката Шекеринска дека Битола е умрена.

Во писмото објавено на Плусинфо.мк Илиевска вели:

“Можи и немаше да го напишам овај текст, ама капаче на цела оваа курто-муртовизија беше Вашата изјава премиере: „Северна Македонија ја правиме убаво место за живеење“.
Не можам, а да не прашам, ама онака на битолски: Како ја прајте, жити сė?”

За почеток: искрено мислам дека со то „северна“ кај шо треба и не треба, на народот му се смачивте. Знајме „дека мораше“ (најверојатно), ама знајме и дека не мора сегде.

Туку, друго ми беше муабето. Како ја прајте Македонија, ко Битола ја доотепавте? Или, Битола не е во Македонија? Е па да ве потсетам, Вашата министерка за одбрана беше носител на листа во 5-ка. На сред Широк Сокак од петни жили викаше: „Битола не смее повеќе да умира!“

Е па кажете и дека умрена е! Оти секој ден сме по погреби, оти битолчани се најзаболени во Европа и оти од нејзините ветувања за филтри (на затворени трибини, на секои пет месеци) – нема ништо! И знам дека не и е ни гајле, ама мене ми е гајле оти та живеј од струјата која се произведва во Битола.

Ах, да… ќе го забораев и заменик-министеро за животна средина, ко го не знам колку пати го имат гласано битолчани и кој е по потекло од Битола само избори ко ќе има. Кажете му дека за нашето барање за субвенционирана струја неговото министерство се прогласи ненадлежно, како и цела влада… Ама кај да е – Битола ќе се прогласи ненадлежна за избирање на луѓе на кои не им е важна”.

Целото писмо на овој линк

SHARE