Треба да се срамат тие кои мислеа дека со нудење патлиџани по твитер (патлиџан-дипломатија) ќе изнудат симпатии кај земјите членки кои ќе си речат „еј, види ама се духовити и доброчудни, ајде да ги земеме во наша екипа“.

Треба да се срамат тие кои упорно мислат дека ако брусат шахти и ставаат плочки на споменици, тоа ги прави спремни за ЕУ“, реагира
Богдан Илиевски на Фејсбук коментирајќи ја изјавата на министерот Никола Димитров според кој спомениците се виновни што не добивме датум за ЕУ: („Ги испуштивме возовите кога Европа беше спремна, тогаш градевме споменици“).

Илиевски понатаму продолжува:

„Треба да се срамат тие кои свесно ги лажеа луѓето со најемотивните теми дека „ќе се дознае вистината за Смилковско/Младенов/Нешковски“. Знаеме и кој е на слобода, знаеме и што кажа сопругата на Младенов. Треба да се срамат тие кои ветуваа чист воздух, вертикално зеленило по згради и гасификација, а секоја зима си го дишат срамот. Треба да се срамат тие кои ќе го продаваа она на М за да купеле амбулантни возила. Власт која не може да купи амбулантно возило, а потрошила 12 милијарди евра за 4 буџети треба доброволно да се самопрогони на пуст остров. Треба да се срамат тие кои одбиваат болни за лекување, а не ја лечат сопствената алчност. Треба да се срамат тие кои лажеа за враќање на иселените, а бркаат се повеќе и повеќе луѓе со нивните празни зборови, неспособност и криминал. Треба да се срамат тие кои го лажеа обичниот народ за 500 евра плата и за кои платата во плико е легална, додека истовремено половина година ја живеат по летувалишта и зимувалишта каде дневен пансион е повеќе од ветената просечна плата. Треба да се срамат тие кои лажеа за Гугл, Фејсбук и Фолксваген, додека си вработуваа до петто колено по институции. Треба да се срамат тие кои правосудниот систем го користат за политички пресметки, уцени и рекетирање и кои се надеваат дека и народот и Европа ќе се слепи на таквото бандистско однесување. Треба да се срамат тие кои го продаваат јавно Гоце Делчев, додека си делат тендери, иновации и концесии. И конечно, треба да се срамат тие кои јавно се крстеа во Катица и провладиниот медиум, а знаеле добро што се случува.

Листата на причини за срам е предолга. А срамота е да се мисли дека таа листа не ја знаат и во Европа. Тркала едни, пишува Илиевски.

SHARE