Илиевски до Шекеринска: Каков човек треба да си за да мислиш дека некој не сакал да се спасиш од давење?!

Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ не може да се изначуди на еден од одговорите од министерката за одбрана во видеото „30 прашања со Радмила Шекеринска“.

„Во седмо одделение на екскурзија паднав во Плитвички Езера. За жал на некои, се спасив!“, одговори потпретседателката на Владата на прашањето кој ѝ е најомилениот спомен од детството.

„Каков човек треба да си за ова да го кажеш? Сериозно, најсериозно… Каков човек треба да си за да мислиш дека ‘некој не сакал да се спасиш од давење’?!? И ако си веќе ти баш таков човек кој мисли дека самото негово постоење е закана за некои луѓе (Господи помилуј), како ќе се однесуваш кон луѓето за кои ТИ (односно твојата психоза) мислиш дека ‘не би сакале да се спасиш’ од Плитвичките езера?

Ќе сакаш ли да им вратиш за тоа што мислиш дека ти мислат, м? Ќе сакаш да ги нема, затоа што ти мислиш дека сакаат да те нема? Не знам како размислуваат психопатите ама поненормално, полудо нешто не сум чул и видел одамна. Каква ароганција, каков отров, каква злоба. Ова не е нормално, разбираш ли? Ова е лудост. Да мислиш дека некој не сака да си ‘спасена од давење’ е психопатологија која проследена со моќ произведува психопатски одмазднички дејствија. Има ли психијатар во авионот, или во ‘автобусот од екскурзијата’??? Ау, бато. Ау.

И воедно, покрај што е одвратно, е и врхунски убер глупаво: ако во седмо одделение некој жалел што си се спасила, кој е тој, спасена жено? Класната? Другарчињата од школо? Шоферот на автобусот? Роднините?“, прашува Илиевски на Фејсбук.

SHARE