Евентуалните измени на Законот за игри на среќа кои предвидуваат дислоцирање на објектите во кои се приредуваат игрите на среќа и регулирање на нивната оддалеченост од училиштата, факултетите, универзитетите, според него, би значело затворање на една цела индустрија, но и силен удар врз економијата, прадупредуваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

„Ние направивме пресек колку сме придонеле во државниот буџет од повторното отворање на 13 мај заклучно со 31 август 2020. Станува збор за сума од повеќе од 600 милиони денари по сите основи на работењето, посебна давачка од 20% плус 3%, посебна давачка од 4% за онлајн обложување, персонален данок од игри на среќа, персонален данок од закуп на простор, придонеси за плати, платено ДДВ кон државата, платено ДДВ кон добавувачи, аконтации од данок на добивка – вели Васко Илијевски од АСОМ во интервју за порталот „Фактор“.

Доколку се земе предвид дека индустријата на игри на среќа во нашата земја вработува речиси 8.000 лица, од кои околу 4.500 само кај приредувачите на игри на среќа во обложувалница, а целата индустрија поддржува индиректно околу 54.000 работни места, разбирлива е грижата која се наметнува околу евентуалните промени на законот за игри на среќа, не само како удар врз оваа индустрија и вработените, туку и врз целокупната економија погодена од ковид кризата“.

SHARE