Илина и нова прекрасна изведба на “Ја излези Ѓурѓо…” (ВИДЕО)

Младата Илина Митревска со уште една прекрасна изведба на песната “Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро” која во последниве месеци имаше неколку одлични исполненија.

Изведбата на младата Илина се случила деновиве спонтано на отворање на изложба на стари фотографии на професорот Владимир Јаневски во Куќата на Уранија во Охрид.

Видеото ни го испрати присутен кој е воодушевен од изведбата на младата ученичка во средното музичко училиште во Скопје.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2394364804168264&id=1915590235379059&sfnsn=mo&s=1317270620&w=y

Предходно пред неколку недели македонската народна песна доби уште една одлична верзија што ја испеа Амира Медуњањин во Пулската арена

„Ја излези Ѓурѓо“ во пулската Арена (ВИДЕО)

SHARE