Албанскиот прертседател Илир Мета денеска допатува посета на Дебар и ке учествува на Акедемијата посветена на 111 годишнина од Дебарскиот конгрес.

Дебарскиот конгрес, уште наречен заеднички албанско-османлиски уставен конгрес, се одржал од 23-29 јули 1909 година во Дебар. Бил спонзориран од страна на Младотурската османлиска влада преку Младотурскиот Централен комитет „Единство и напредок” со цел да се влијае врз Албанците со мирни средства за нивен полојален однос кон османлиската влада. За претседател на Конгрсот бил избран ефенди Вехби Дибра, муфтија на дебарскиот санџак. 

Во рамки на одбележувањето ќе биде одржана свечена академија на која поздравен збор, освен Дука и Мета, ќе имаат и собранскиот спикер Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. За овој настан ќе зборуваат академици од Македонија и од Албанија.

Поканата за учество на Мета му беше врачена лично од градоначалникот Дука на средбата во Тирана на почетокот на месецов.

Во поздравниот збор што албанскиот претседател  го имаше  пред членовите на Советот на Дебар каде рече  дека многу е горд што денеска за прв пат како претседател на Албанија престојува во Дебар и ке учествува на Академијата посветена 111 годишмнината на Дебарскиот конгрес за кој нагласи дека е од историско значење за албанскиот народ . Тој потенцираше дека ,,Дебар има дадено многу низ историјата на албанскиот народ  во целина“,.

Албанскиот претседател Мета придружуван од страна на градоначалникот Хекуран Дука , ги посети Новата дебарска џамија и Манастирот Свети Јован Бигорски.

SHARE