Албанскиот претседател ги врати во Собранието двата закони од таканаречениот „пакет против клевета“ кои медиумската заедница ги оцени како владина алатка за цензура на Интернет.

Според Илир Мета, двата закона – „За аудиовизуелни медиуми“ и „За електронска комуникации“ ги кршат:

Основните уставни принципи на демократијата;
Правото на слобода на изразување, печат и право на информации;
Претходните решенија на Уставниот суд;
Европската конвенција за човекови права, пренесуваат албански медиуми.

Претседателот на Албанија смета дека спроведувањето на овие закони ќе доведе до цензура поради моќта на владините агенции да воведат казни што треба да се платат пред правосилна судска пресуда.

„Ова ќе создаде заплашување и самоцензура, незаконско затворање или суспендирање на електронски медиуми, директно мешање во квалитетот и објективноста на информациите, што би резултирало со обезбедување само факти, што ќе го доведе во заблуда општеството не само во барањето нивните права, туку и во исполнувањето на граѓанските одговорности за градење и зачувување на демократијата“.

Мета ги критикуваше преголемите овластувања дадени на владините агенции да изрекуваат огромни казни на он-лајн медиумите за кои сметаат дека објавиле лажни вести.

SHARE