Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека е подготвен за какво било сценарио во „војната“ со владата.

Во гостување на телевизијата „Топ Ченл“ Мета рече дека е подготвен да одговори соодветно и предупреди дека никој не може да го отстрани се додека не заврши неговиот мандат.

„Подготвен сум за секое сценарио. Дури и со тенкови да дојдат во претседателската резиденција, ќе добијат најсоодветен одговор.

Пред да ме отстранат, ќе ги отстранам преку албанскиот народ. Јасно кажувам: Подготвен сум за какво било сценарио. Нека продолжат и јас ќе им одговорам со соодветен одговор “, предупреди Мета.

Тој категорично изјави дека ќе го брани уставот.

„Јас целосно ќе го бранам албанскиот Устав со моите јасни убедувања“, рече Мета.

Коментарот на албанскиот претседател е во врска со предлогот во Парламентот да биде ослободен од функција и да се побара мислење на Венецијанската комисија за неговиот декрет за одложување на локалните избори во 30 јуни 2019 година, што според владејачкото мнозинство било кршење на Уставот.

„Не во Венеција, во НАТО нека бараат толкување и мислење. Оваа работа е завршена. Јас ќе бидам на функцијата до 24 јули 2022 година“, рече Мета. /

SHARE