„Доколку е тоа излез од кризата јас и претходно сум изјавил дека сум подготвен сам да се повлечам“, изјави на денешната прес-конференција (и втора во три дена) на албанскиот претседател Илир Мета.

Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама побара импичмент поради одлуката на шефот на државата, Мета, да го поништи одржувањето на локалните избори на што се противи здружената опозиција и поради кои со месеци трае политичката криза во Албанија.

Во денешното обраќање Илир Мета објасни дека одлуката да ги одложи локалните избори бил неопходен чекор поради околностите од зголемување на тензиите и ескалација во граѓански конфликт, за што како претседател и Врховен командат имал информации.

Тој ги повика партиите сериозно да го прочитаат Уставот и истакна дека во Албанија немало ниту ќе има избори без потпишана уредба од шефот на државата.

На новинарско прашање дали ќе свика лидерска средба за надминување на политичката криза, тој низ насмевка одговори; ако не ме сменат доѕогаш.

Импичментот на претседателот на државата, Илир Мета, ќе се најде на пленарна седница на собранието во четврток.Расправата ќе трае пет часа и времето ќе биде пропорционално распределено меѓу парламентарните групи,при што најмногу време ќе се даде на парламентарната група на Социјалистичката партија.

SHARE