Албанскиот претседател Илир Мета вчера беше во посета на Дебар, по повод одбележување на 111-годишнината од одржувањето на Дебарскиот конгрес. Тој беше беше пречекан од дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, но на настанот присуствуваа и спикерот Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 


Градоначалникот на општина Дебар, Хехуран Дука, на својот фејсбук профил, сподели повеќе фотографии од настанот, но на нив не може да се виоди државното знаме на Македонија, забележува Фактор.