Албанскиот претседател Илир Мета, оцени дека Тирана треба да направи се што е во нејзина моќ, со одлуката на Холандија за суспензија на безвизниот режим со Албанија, да не предизвика домино ефект, па и други земји да почнат да го враќаат визниот режим за албанските граѓани, објави Алсат М.

Тој смета дека постапката на холандскиот парламент е без преседан, затоа што, како што вели, до сега не се случило да постои такво барање за Западен Балкан и за Албанија.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар