Илона Захариева: Сасоли за името како кога на ЗЗ ќе му напишат говор на англиски

Македонската активистка во Италија, Илона Захариева, реагира на обраќањето во Собрание на претседателот на Европски парламент, Давид Сасоли, кој пред македонските пратеници рече да не жалат за промената на уставното име, туку да се гордеат?!

„Давид Сасоли, актуелниот претседател на ЕП, со оглед дека бил новинар, би требало да биде повеќе информиран за состојбите во Македонија. На тој начин можеби немаше да пристапи кон така лито и површно излагање во Собранието и да дели совети за промената на нашето име. Ама, нормално е за ‘специјално пратен во мисија’.
Тоа е нешто слично како кога на ЗЗ ќе му напишат говор на англиски.
Утешната награда на италијанската ПД (Демократска партија) од страна на ЕУ, со оглед дека фатално изгубија од Лега на европските избори, е токму ова претседателство.
Сасоли е едно од четиринаесетте имиња на италијански европарламентарци кои се наоѓаат на платниот список на Сорос. Извор на овие информации е директорот на РАИ (италијанската национална телевизија), Микеле Фоа, кој го објави документот на Open Society.
Важно е заморчињата во нашиот парламент да ракоплескаат на некој странец и да си се смешкаат наивно, а богами и да седат ‘рамо до рамо’ со Европејците, посебно Албанците. Та, нели за нив се активира соросовата машинерија во Италија“, напиша на Фејсбук претседателката на македонското здружение „Камен мост“ од Канели.

SHARE