Македонската активистка од Италија, Илона Захариева, смената на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ја оценува како кукавички чин на техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Разрешувањето на Мизрахи е кукавички чин на доскорешниот прв полицаец. Прв полицаец на кој постојано му бегаа затвореници, или самиот ги пушташе, две претпоставки, една полоша од другата. Министерување во кое делови од државата се класичен див запад, а улиците станаа опасно место за живеење. Човекот, ако може така да го нарекуваме, кој најнеприродно, најодвратно ја пика придавката на државата каде што ќе стигне, дури без потреба и без контекст. Човекот во чие време пајаци напаѓаа полицајки, а функционери беснеат како шерифи. Ете, тоа е лицето кое ноќеска, на подол, кукавички и незаконски начин, без основа и причина разреши – жена, оти само со жените може да се справи? А озлогласените криминалци и убијци кои ги пушти на слобода?
Оваа жена е жена само по родова припадност. Оваа навидум кротка жена има повеќе машкост од сите вас кукавици, од баграта која се дрзна ноќеска да ја разреши.
Секако ќе излезат кога-тогаш на виделина и гадостите на вашата ‘света министерка’ Царовска.
Во меѓувреме, додека трае сиот овој циркус, се менуваат, секако незаконски, законот за избори и законот за лични документи, уценувачките услови на албанските пратеници за да гласаат за преку ноќ напишаниот нов закон за ЈО.
Ранетата хунта напаѓа со последните сили и ги троши последните адути“, констатира на Фејсбук претседателката на македонското здружение „Камен Мост“ од Канели.

SHARE