Предлог уставните промени што вчера ги усвои владата предизвикал сериозни конфликти во владата откако вчера и завчера на различни форуми се водела оштра дебата дали Владата има легитимитет да иницира промена на устав со неуспешен референдум.
Најгласен противник на решението на владата да протурка по најбрза можна постапка уставни измени согласно Преспанскиот договор била министерката за правда Рената Десковска.
Како што брифираат партиски извори високо позиционирани во владеачката коалиција, за Десковска која што е експерт за политички систем и уставно право, владата по референдумот нема ниту политички легитимитет ниту правни прерогативи за иницијативата за уставни измени.
Министерката за правда засега јавно не го кажала својот став за уставните промени.
Според истите извори проблем со владината иницијатива имале и експерти блиски на ДУИ кои предупредиле дека вака донесени уставни измени можат да паднат пред Уставниот суд.
За сопругот на министерката Десковска, професорот Тони Десковски е јасно дека референдумот пропаднал и дека владата треба да се повлече од спроведување на Преспанскиот договор.