Има три можности да се врати уставното име, вели Милошоски

Пратеникот Антонијо Милошоски во интервју за германски Франфуртер алгемајне цајтунг вели дека има три можности да се врати уставното.

Но, според него, сите се многу комплицирани:

„Една можност е Уставниот суд да ја поништи Спогодбата со Грција.

Тоа би се случило врз основа на референдумот од минатата година, на кој немаше мнозинство за промена на старото име.

Потоа, тука се и оние пратеници во нашиот парламент кои под принуда, закани и уцени, значи против нивната слободна волја, гласаа за промена на името. Тие се соочуваа со закани за затворски казни од страна на Специјалното јавно обвинителство или судии под контрола на власта ако не гласаат за промена на Уставот. Доколку по промената на Власта најдат храброст, јавно да проговорат за тоа и се обратат до државното обвинителство, би можело да се промени атмосферата и да се девалвира тогашното двотретинско мнозинство и повторно враќање на претходниот Устав“ ,смета Милошоски.

SHARE