Имаме најспор интернет во регионот

Според специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk, Македонија, според брзината на интернетот, е најниско рангирана во регионот во споредба со Словенија која е на 27 место, Србија 44-то, Хрватска на 49, Бугарија на 50, Грција на 57, Косово на 60-то место.

Македонија е рангирана на 78 место во светот според брзината на интернет. Просечната брзина на интернет е 7,97 мегабити во секунда (Mbps), а за преземање 5 GB филм се потребни 1 час 25 минути и 38 секунди. Лани Македонија беше на 68. позиција со просечна брзина на интернет од 8,82 мегабити во секунда.

SHARE