„Името“ ги урива грчките берзи!?

Запрениот напредок во олеснување на долговите, неисплатените 1 милијарда евра финансиска  помош за спас, но и застојот во преговорите за името вчера резултираа со пад на вредноста на акциите на грчките берзи, оценуваат грчки медиуми.

Индексот на Атинска берза (ATHEX) заврши со 773,06 поени, што претставува намалување за 0,71 отсто во однос на  четвртокот., а на неделно ниво – 0,48 проценти.

Индексот FTSE-25 се намали за 0,64 отсто, a индексот на банките падна за 2,61 отсто.