Името на претседателскиот кандидат ќе биде соопштено на Конгресот на СДСМ во недела, дознава „Фокус“, по најавите во изминативе два дена дена дека ќе биде соопштено попладнево и по пишувањето на некои медиуми дека изборот е веќе направен, но се чека официјална потврда.

„Не можеме кандидатот да го соопштиме пред конгресот. Ахмети минатиот пат лошо се изрази. Вечерва ќе има средба со коалициски партнери кои ќе го поддржат заедничкиот кандидат, а името ќе го објавиме во недела“, изјавиле за „Фокус“ од СДСМ.

Денеска А1.Он, објавци дека Стево Пендаровски е изборот и се чека попладнево тоа да биде официјализирано.

Вечерва ќе имало само средба цо „Хилтон“, каде ќе бил утврден кандидатот за претседател, а неговото име ќе било соопштено во недела, за да се испочитувале делегатите на Конграсот на СДСМ, дознава „Фокус“.   

SHARE

4 Коментари

Comments are closed.