Имиџот на САД со рекорден пад во Македонија лани

Одобрувањето на водството на САД минатата година најдрастично се намалило во Македонија во споредба со сите други европски земји, покажува истражувањето на Галуп.

Цели 12 проценти е падот на поддршката на американската политика во Македонија во 2018 година споредено со претходната. Следуваат Словачка со пад од 10 отсто, Италија и Украина со по 9 отсто, Полска со 7 отсто итн.

Водството на САД лани во Македонија го одобрувале 33 проценти од граѓаните, 42 отсто не го одобрувале, а 25 отсто не знаат или одбиваат да одговорат.

Македонија истовремено е и меѓу петте држави во светот во кои одобрувањето на американското лидерство се намалило значително (двоцифрено). Другите четири земји се Словачка, Камбоџа, Иран и Турција.

САД најголем углед во Европа уживаат во Косово (80 проценти одобрување) и во Албанија (69 отсто), единствени две земји во кои поддршката е натполовична.

SHARE