Инцидент со авионот во кој летаат Пендаровски и Заев

Владиниот авион со кој патуваат на државните функционери имал дефект и слетал принудно во итна постапка на аеродромот во Скопје, дознава Телма.

Вонредното слетување на авионот од марка лирџет се случило околу 14:20 часот. Нема повредени, а во авионот немало патници туку летот го изведувала само посадата.

Дефектот на авионот бил бидејќи имало проблеми со предното тркало, кое се заглавило. По слетувањето авионот не можел да се движи по пистата туку бил извлечен, дознава Телма.

Пилотите на владиниот авион се посомневале во механички дефект при слетување на скопскиот аеродром, но се испоставило дека станува збор за лажна тревога. При стандарна процедура, односно спуштање на опремата за слетување, пилотот и копилотот се посомневале дека предното носно тркало е закочено. Претседателот на УО на М-НАВ, Николче Тасески го потврдил немилиот настан.

SHARE