Инцидент во општина Струга, се заканил дека ќе го убие градоначалникотМерко

Граѓанин на Струга предпладнево влегол во просториите на општина Струга и се заканувал дека ќе ги убие градоначалникот Рамиз Мерко и уште еден општински функционер.

Очевидци за expres.mk тврдат дека атмосферата била застрашувачка затоа што не се знаело дали лицето било вооружено и во кој правец може да се развијат заканите.

Граѓанинот бил незадоволен од одлука на струшките локални власти.

Предходно барал да се промени одлука на општината но кога бил одбиен отишол и директно се заканил по животот на градоначалникот и уште еден вработен во градската администрација на Струга.

SHARE