„Индипендент“: Како Албанија прерасна во „европска Колумбија“

Во опширен текст насловен како „Европската Колумбија – Како малата Албанија стана седиште на криумчарење на дрога на континентот“, британски „Индипендент“ оценува дека  албанската нарко-мафија е во врвот на светскиот бизнис со наркотици.наведува и дека трговците сега за ја користат мрежата што ја користеле за канабисот.

И покрај тоа што албанските власти пред неколку години почнаа агресивна акција со надеж дека уништувањето на полињата со канабис и апсењето на одгледувачите ќе го намалат криумчарењето на дрога и ќе и помогнат на земјата да се приближи кон ЕУ. Сепак, весникот предочува дека дилерите успешно се прилагодиле на ситуацијата почнувајќи, наместо со канабис, да тргуваат со кокаин и хероин.

Тие го дистрибуираат кокаинот од Латинска Америка и хероинот од централна Азија преку Италија и останатите делови од Европа.

„Јадранското море е вистински автопат за шверц“, рече во едно свое излагање Џемал Ѓукши, опозициски пратеник во албанскиот парламент и поранешен армиски офицер.

„Софистицираните криминални групи се толку моќни што имаат мрежи низ целиот свет“, вели Алфонц Ракај, аналитичар од Тирана и добар познавач на состојбите на западниот Балкан, пишува „Индепендент“.

SHARE

1 Коментар

  1. Какви се оваа глупости, “… албанските власти пред неколку години почнаа агресивна акција…“ а во меѓувреме премиерот (Рамче) им е регистриран корисник на “бело“, и тоа го знае цел свет ама Индепендент не го знае!

Оставете Коментар