Индиции за нов скандал со Филипче и Жути

Индиции за нов скандал на повидок за министерот Венко Филипче во кој повторно е вмешан фамозниот Александар Јовановски – Жути, објавува порталот лидер.мк.

Како што дознава „Лидер“ од извори во министерството за здравство, познатиот „крал на реагенсите“ сега ќе влегува во бизнисот со јавно-приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.

-Дел од опремата која ја набави а не ја искористи за лабораториите ќе ги искористи во новата набавка. – брифира нашиот извор.

Изворот на порталот додава дека по најава за техничка влада и изборите што следат, министерот на големо сака да го забрза потпишувањето на договорот за оваа набавка, која тој ја квалификува како криминална.

-Од страна на медиумите оваа мерка беше оценета како нерегуларна како тука така и во соседна Албанија за која може да има и кривични постапки, за кои им е многу повеќе од јасно дека ќе следуваат бидејќи не доволно познавање на материјата и големите трошоци кои не беа доволно предвидени и разработени од нивна страна на крајот ќе бидат платени од граѓаните. – вели нашиот извор.
За Александар Јовановски – Жути и неговата компанија токму „Економски Лидер“ лани откри дека се дел од криминал вреден над 35 милиони евра. По што, откако беше фатен во „офсајд“, Филипче го поништи тендерот. Тогаш, со фирма стара само неколку месеци, регистрирана на меил zuti45@gmail.com, Филипче и Јовановски се обидоа да извлечат милиони преку централизирана набавка на реагенси за сите болници.

Повеќе детали за овој огромен скандал, на следниот линк.

SHARE