Цунамито во Индонезија уби најмалку 373 лица и повреди повеќе од 1.400 на островите Јава и Суматра, соопшти денеска официјален претставник.

Бројот на повредени е 1.459 лица, а 128 се уште се водат за исчезнати соопштија владини извори.

Се стравува дека е можно ново цунами откако денеска еруптираше вулканот Анак Кракатау.

Најсмртоносниот цунами во историјата на Индонезија, се случи на 26 декември 2004 година при што загинаа повеќе од 230.000 лица во 14 земји. Цунамито беше предизвикано од земјотрес на островот Суматра со јачина од 9.1 степени.

SHARE

Оставете Коментар