Информација за корисници на Стопанска Банка а.д. Битола

Сите пензионери кои користат картички ќе можат да располагаат со пензијата од 28.12.2020 година (понеделник) преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 29.12.2020 година (вторник);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.12.2020 година (среда), и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток)