Инспекторот Илиевски деградиран на 6 месеци пред пензија

Вишиот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски кој
обелодени дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нихиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски напредувале во наставно-научни звања, додека им мирувал стажот на тетовскиот универзитет е деградиран на пониско работно место.

Одлуката ја донел директорот на Државниот просветен инспекторат(ДПИ), Томе Спировски, откако дисциплинската комисија му ја предложи оваа мерка бидејќи Илиевски сторил прекршок, дознава порталот „Факултети.мк“.

Од Државниот просветен инспекторат за порталот изјавиле дека дисциплинската комисија утврдила дека Илиевски сторил прекршок и со тајно гласање донела одлука со предлог за изрекување на дисциплинска мерка против него која гласи: „Распределување на работно место во непосредно пониско место“.

„Никакво решение не ми стигнало на домашна адреса. Ниту од дисциплинската комисија, ниту ова за моето деградирање. Од вас слушам за ова“, изјави Илиевски за „Факултети.мк“.

SHARE